Кирил Лазаров: Ја прифаќаме критиката, против Аргентина е главната битка за нас!

293

 

По проспиената ноќ откако вчера Македонија загуби, и тоа доста убедливо од Холандија на својот втор меч на СП, селекторот Кирил Лазаров објективно уште еднаш ги искажа сите свои ставови. Денеска тој напомена дека и тој и целата репрезентација ги прифаќа критиките и дека тоа така мора да биде.

Ја прифаќеме критиката и тоа така треба да биде. Во овој момент Холандија е подобра од нас и тоа сите го знаевме. Разликата не е реална, ние моравме како што кажав и по мечот, да  изгубиме подостоинствено. Имавме многу грешки и во одбраната и во нападот, имавме многу избрзани технички грешки. Оваа е нова генерација која треба допрва да созрева на големите натпреварувања. Мислам дека ова Светско првенство кое што тешко го обезбедивме добро ќе им дојде на младите ракометари. Дојдовме со цел да ја помине првата фаза“, вели Лазаров.

Утре играме со Аргентина,ако сакаме пласман во следната фаза секако дека ќе мора да се победи:

„Утре е главната битка со Аргентина, селекција која е екстра противник,кој покажа дека игра цврст и силен ракомет. Тука некаде сме со квалитетот и мислам дека доколку сакаме да победиме мораме да одиграме максимално квалитетно. Треба да учиме на грешките и имаме многу простор за напредок. Ако сакаме да славиме мораме да бидеме фокусирани и сконцентрирани, да играме без емоција. Се надевам дека ќе бидеме комплетни. Доколку има шанса Томи Јагуриновски ќе биде на располагање, но не сме се уште сигурни“, изјави Лазаров.

ПретходноШкупи добар на првата контрола зимава
СледноМитревски: Мораме подобро да одиграме во одбраната, треба да ги намалиме грешките ако сакаме победа над Аргентина!