Кирјос се повлече од Австралија Опен

216

Австралискиот тенисер Ник Кирјос денеска соопшто дека се повлекува од настапите на Австралија опен поради повреда на коленото.

„Ова е еден од најважните турнири во мојата кариера и воопшто не беше лесно да се донесам одлука за повлекување“, изјави 27-годишниот Кирјос на прес-конференцијата.

„Целосно сум уништен. Лош тајминг, но тоа е животот. Повредите се дел од спортот. Не се сомневам дека ќе се вратам уште посилен“, додаде тој.

Кирјос во првото коло требаше да игра против Русинот Роман Сафиулин, а во ждрепката ќе биде заменет со Американецот Денис Кудла.

ПретходноЛазаров: Најважно е достоинството, тоа ме лути, не може на силa да се решаваат работите!
СледноЈокиќ со „тројка“ му пресуди на Орландо, Далас не може без Лука (ВИДЕО)