Како и на секое првенство, така и на ова, македонските фанови се број еден. Краков е обоен во „црвено-жолто“, на секој агол се слуша македонска песна, се вее нашето знаме, а преголемата „Таурон Арена“ доби лик, благодарение на „Фалангата“.
Веќе домаќинот неколку пати испрати бројни комплименти за македонските навивачи. Овој пат, иако станува збор за насоки околу начинот на користење на просторот за навивање. Денеска во Арената ги дочека порака на македонски јазик.