Лазаров: Најважно е достоинството, тоа ме лути, не може на силa да се решаваат работите!

2765

Кирил Лазаров, предводникот на нашиот национален тим, силно верува во своите ракометари. Знае низ каков процес поминуваат, знае дека не е лесно да се чекори по патот на генерацијата која се пензионираше, но она што го вади од кожа е начинот на кој се губат мечеви.

Силно верува во пласман во следната рунда, вели дека мора да се мобилизираат за дуелот со Аргентина.

„Ни фали нешто, мислам дека имаме добра – потенцијална екипа. Јас и пред мечот им кажав дека треба да знаат да победуваат за да ја достигнат нашата генерација и да ја надминат. И ние кога почнувавме исто беше вака, оваа генерација побрзо ќе порасне. Не е срамота да се изгуби од Холандија, не е срамота да се изгуби и од Норвешка, но боли разликата. Треба да се работиме во иднина, сега не е време за анализа, ќе имаме време и за тоа. Треба да пробаме да се мобилизираме и да одиграме еден добар натпревар против Аргентина каде што ќе бидеме конкурентни за победа. По квалитет сме тука некаде. Сакаме да одиме во главна рунда каде ќе ги искористиме тие три натпревари за да можат играчите да растат со вакви мечеви“, изјави Лазаров.

Се согласува дека одбраната не е на ниво, но како главен проблем ги издвојува и техниќките грешки. Нешто што против квалитетни селекции не треба да се случува.

„Фалат многу работи. Се збори многу за одбраната, се согласувам дека не е добра, против Холандија беше за нијанса подобра, но брзаме во напад, правиме технички грешки. Репрезентации од овој калибар го казнуваат. Играчите се жедни за победа, за добра игра мора да бидеме заеднички, да комуницираме“.

Лазаров уверува дека атмосферата е одлична, но тоа пак не изгледа на терен така. Бидејќи многумина сакаат да споредуваат со минатото, ете откри дека во нивно време немале добра атмосфера, но затоа победувале. Земјаќи го неговиот карактер, ветува многу работа, и секако победи, Македонија нема причина да губи надеж.

„Атмосферата е одлична, нашата генерација кога го достигна зенитот немаше добра атмосфера, но победуваше. Не е се во атмосферата, стварно се добри овие играчи, но нешто фали. Дојдовме да победиме во главна рунда, ова не ми се доапаѓа, мора да играме достоинствено. Кога намалуваме зошто да не биде пет-шест. Сакаме да се самодокажуваме, тоа е недозволиво, ова е колективен спорт. Верувајте дека сме многу посветени, многу работиме и ќе работиме. Гледаме дека сите одат напред, ние имаме талентирана генерација, стојам на тоа, ќе правиме успеси во иднина, на тој пат сме, ова е големо искуство, сега е најважно да се пласираме во следната рунда, да одиграме три квалитетни мечеви, да пробаме да исправаме, да играме со Србија, Германија и Катар.

Но, сега е најважен мечот во вторник. Ниту е место за викање, за наоѓаме виновници. Дојдовме да поминеме во следната рунда, ќе сториме се за да го исполниме тоа. Видовте и сами, ако на првиот меч бев нервозен и лудо верував во нешто, сега бев смирен, видов дека се подобри, но сакав да имаме достоинствен пораз. Најважно е достоинството, тоа ме лути, не може на силa да се решаваат работи. Не можеш да критикуваш некој дека играл слабо, мене ми се случувало да играм слабо“.

Македонија против Аргентина игра утре со почеток во 18 часот.

ПретходноДибала сам ја победи Фиорентина! (ВИДЕО)
СледноКирјос се повлече од Австралија Опен