Николиќ: МЗТ Скопје е религија во Аеродром

219

МЗТ Скопје со убедлив пораз се враќа од Белград. Актуелниот македонски првак беше убедливо совладан од Партизан со 120-67 во рамките на 15. коло во АБА-лига. Драган Николиќ се отвори на прес-конференцијата по мечот, го претстави МЗТ Скопје пред новинарите, историјата, како и амбициите.

„МЗТ се врати во АБА, се работи за клуб кој има 20 титули, шампион на земјата, освојувач на Купот и Суперкупот. Тоа е голем клуб, во незавидна ситуација, но ѝ е потребен на АБА и затоа ќе се обидеме до крај на сезоната да ја поправиме резултатската ситуација. Нема повеќе до крај на сезона да имаме ривали како Звезда и Партизан, прашање е колку останатите екипи може да се борат со нив. Голема е разликата меѓу МЗТ и Партизан, ни се повреди и Кук кој беше донесен како големо засилување. МЗТ е религија во Аеродром, не ги интересира други спортови, туку само МЗТ. Видовте и на последниот меч како изгледаше тоа. Знам каква е ситуацијата по овој дебакл и жалам што престанавме да играме и размсилувавме само за повредата на Кук. Паритзан е најдобрата шутерска екипа во лигата и знае да те казни, имаше шут 13/17 за три против нас. Не треба јас да го фалам Партизан, сами си го кажаа тоа за себе. Немаме оправдание, но верувам дека ќе бидеме подобри во следните натпревари затоа што нема да играме ривали како двата наши претходни противници“, изјави Николиќ.

МЗТ Скопје за два дена игра против ТФТ на домашен терен, додека во АБА-лига следен противник е Будуќност.

ПретходноФранцузите преголем залак за Словенците, Црна Гора се измачи но го победи Чиле
СледноОд МЗТ со први информации за повредата на Кук