По дебаклот од Аталанта, Салернитана му врачи отказ на тренерот Давиде Никола

88

Давиде Никола не е повеќе тренер на Салернитана. Италијанскиот клуб му врачи отказ на тренерот после срамниот пораз од Аталанта со 8:2 и пласманот на 16 место на табелата во Серија А по 18 натпревари. Тимот има само четири победи и шест ремија, а последниот триумф им е од крајот на октомври минатата година кога го победија Лацио со 3:1. Од тогаш составот од Салерно освои два бода од шест меча.

Управата процени дека е време за разделба со Давиде Никола и ангажман на нов тренер кој ќе ги помрдне работите нанапред и да го спаси тимот од испаѓање. Следниот меч на Салернитана е против лидерот Наполи на 21 јануари, а шест дена подоцна ќе играат против Лече, ептен важен меч во битката за опстанок.

Според „Калчомеркато“ потенцијални наследници на Никола на клупата на Салернитана се некогашниот тренер на Рома, Сампдорија и Верона Еузебио Ди Франческо, поранешниот тренер на СПАЛ, Леонардо Семпличи и екс-тренерот на Парма, Роберто Д’Аверса потоа искусниот Валтер Мацари и португалскиот стратег Пауло Соуса.

ПретходноСилекс во Анталија против Динамо Киев, но и против Торпедо Куташи
СледноТетекс со Калц ги стартуваше подготовките