Супер засилување за лидерот: Струга ТЛ се пофали со Радески! (ФОТО)

1335

Струга Трим Лум не се шегува. Есенскиот првак од денеска е посилен за Марјан Радески. Се разбира дека ова е супер засилување за тимот на стратегот Срѓан Захариевски. Радески е повремен репрезентативец, некогашен играч на Металург, Шкендија, А.Пандев,Шкупи, а во Струга ТЛ доаѓа од тимот на Пјуник (Ерменија).May be an image of 2 people and text

За тие што се сеќаваат, токму Захариевски како тренер на Металург го промовираше Марјан Радески тогаш во еден голем потенцијал за нашата ПМФЛ кога во таа 2015 година беше продаден на Шкендија за 150.000 евра што уште е рекорд во Македонија.

Со Ибраими, Малески, секако Радески, како и со останатите во нападот, секако дека Струга ТЛ најавува пролетна битка за титулата, за одбрана на лидерската позиција.

ПретходноОд МЗТ со први информации за повредата на Кук
СледноЧелзи не застанува: По Мудрик, следна цел е двоец на Брајтон