Тетекс со Калц ги стартуваше подготовките

1068

Екипата на ФК Тетекс од денеска и официјално ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната. Искусниот стратег Љупчо Марковски ќе ја преводи екипата во пролетниот дел со цел Тетекс да обезбеди опстанок во Втора МФЛ. Неговите помошници во дел од стручниот штаб ќе бидат, прв асистент Дејан Савески, Филип Павлоски како кондиционен тренер и Миле Спировски тренер на голманите.

Детализиран е и планот по кој ќе се одвиваат подготовките. Првата фаза ќе се одвива во Тетово, а во периодот од 23 до 30. јануари екипата ќе замине во Дојран, каде ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари. Пред заминување во Дојран, на 21 јануари е закажан контролен натпревар со ФК Беса кој ќе се одигра во Тетово. Екипата е засилена со неколку нови имиња кои деновиве ќе бидат официјализирани.

 

ПретходноПо дебаклот од Аталанта, Салернитана му врачи отказ на тренерот Давиде Никола
СледноБраќата Марко и Матео Софијаноски потпишаа за Брегалница