Французите преголем залак за Словенците, Црна Гора се измачи но го победи Чиле

154

По двете воведни победи Словенија денеска доживеа пораз од Франција со 31:35 во 3.коло од групната фаза на СП 2023. Со тоа Французите со три победи патуваат понатаму и ќе пренесе четири бода, а Словенија исто така ќе оди во следната рунда затоа што ќе заврши втора на табелата.

Составот на Урош Зорман не можеше да го следи ритамот на Французите, направи премногу технички грешки (14) што влијаеше на конечниот резултат. Кај Французите по седум гола постигнаа Махе и Ремили, а кај Словенија најефикасен беше Влах со 9 гола.

Словенија во следната рунда ќе игра со Црна Гора, Шпанија и Иран.

Црна Гора имаше многу мака но го победи Чиле со 35:33. Најефикасен на мечот беше Милош Вујовиќ со 12 гола, а Бранко Вујовиќ постигна девет. Чилеанците ги предводеше Фојтман со 9 гола.

Црна Гора ќе пренесе два бода во наредната фаза во која ќе игра со Франција, Полска и Словенија.

ПретходноПартизан е друга димензија – МЗТ „разнесен“ со 53 разлика!
СледноНиколиќ: МЗТ Скопје е религија во Аеродром