Кошаркарите на Денвер со тројката на Никола Јокиќ во последните секунди од натпреварот го победија тимот на Орландо со 119:116 и со тоа ја забележаа шестата последователна победа во НБА лигата. При резултат 116:116, Денвер го започна својот последен напад, Џамал Мареј му ја додаде топката на Јокиќ, кој направи чекор назад и на 0,2 секунди до крајот погоди тројка над Франц Вагнер за победа.
Јокиќ го заврши мечот со својот 12-ти трипл-дабл сезонава од 17 поени, 14 асистенции и 10 скока.
Филаделфија го совлада Лос Анџелес Лејкерс на гости со 113:112 за седма победа во последните девет натпревари. Џоел Ембиид постигна 35 поени за победничката екипа, додека Леброн Џејмс на спротивната страна постигна 35 поени и со тоа стана вториот играч во историјата на НБА, заедно со Карим Абдул Џабар кој постигнал 38.000 поени во кариерата.
Кошаркарите на Портланд на домашен терен го победија Далас со 140:123 и со тоа врзаа две победи за првпат од средината на декември. Најзаслужен за тоа беше Демијан Лилард, кој постигна 40 поени. Во тимот на Далас, кој настапи без Лука Дончиќ, најефикасен беше Спенсер Динвиди со 28 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Бруклин – Оклахома 102-112
Сан Антонио – Сакраменто 119-132
Денвер – Орландо 119-116
Портланд – Далас 140-123
ЛА Лејкерс – Филаделфија 112-113
Чикаго – Голден Стејт 132-118
ЛА Клиперс – Хјустон 121-100
Детроит – Њујорк 104-117