Браќата Марко и Матео Софијановски се нови фудбалери на Брегалница за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. „Сините“ денеска официјално потпишаа договор со 18-годишните младински репрезентативци на Македонија.
Матео Софијаноски е играч од средниот ред, додека Марко Софијаноски е офанзивен фудбалер кој може да игра и на крилните позиции во средниот ред.
Матео и Марко Софијаноски фудбалски потекнуваат од школата на ФК Вардар, а потоа во својата досегашна кариера настапуваа и за ФК Њу Старс и за второлигашот Воска спорт.