Валенсија “притиска“ за потписот на Адеми, но нашиот репрезентативец има понуда и од С. Арабија!

852

 

Од она што денеска се пишува во медиумите во Хрватска, барем оние што најдобро ги познаваат приликите во и околу Динамо Загреб, па и според “Марка“, Валенсија “притиска“ за потписот на Аријан Адеми. Најавено е дека деновиве претставници на клубот од Шпанија заминуваат во Загреб на завршни преговори со нашиот репрезентативец.

Ново е тоа што Адеми сега има понуда и од С.Арабија. Секако дека таа понува била барем неколку пати поголема од онаа на Валенсија, пред се тука мислиме на финансиите. Јасно е дека сега С. Арабија е во мода, а таму веќе се и репрезентативните колеги на Адеми, Александар Трајковски и Дарко Велковски.

Да потсетиме дека пред неколку години малку недостигаше Адеми да се пресели во С.Арабија, во Ал Итихад. Можеби сега дојде време Адеми да го направи тој трансфер во некој клуб во С. Арабија.

ПретходноЧелзи не застанува: По Мудрик, следна цел е двоец на Брајтон
СледноПолска го фати последниот воз, Шведска и Шпанија максимално во главната рунда!