На стартот од сезоната Манчестер Сити победуваше се по ред и тоа на крилјата на Ерлинг Халан, кој како од шега ги уриваше рекордите во однос на постигнатите голови, сега веќе не е така. По поразот од Манчестер Јунајтед се чини дека сите проблеми излегоа на виделина. Ерлинг Халанд го немше никаде, како и на средбите со Ливерпул и Челзи, и затоа се поставува прашањето дали Норвежанецот е добар, одличен, само на “малите“ натпревари, додека на дерби дуелите го нема никаде.
Гвардиола е полн со критики за своите играчи, а по поразот од Јунајтед истакна дека неговиот тим нема шанси за титулата и дека истата веќе не го интересира.
“Го имаме тој проблем кога противничките тимови се целосно во своите казнети простори, и на Халанд му е тешко да се снајде, да дојде до израз. Тој против Јунајтед имаше доволно контакти со топката,но не успеавме да го најдеме во простор, мораме да бидеме подобри во тоа“ рече покрај другото стратегот на Сити.