„Касемиро е најважното парче во сложувалката на Манчестер Ј.“

405

Поранешниот англиски дефанзивец Рио Фердинанд вели дека играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро, имал голем придонес во промената на ликот на тимот оваа сезона.

„Порано Манчестер Јунајтед беше кревка екипа, имаше видливи проблеми, но сега може да се види нивната кохезија. Мислам дека се е поврзано со доаѓањето на Касемиро. Тој стана најважното парче од сложувалката. Тој е како лепак кој држи сè. Сè поминува низ него. Ако Манчестер Јунајтед примеше гол, не само од тим како Сити, туку и од други како Брентфорд, на почетокот на сезоната, ќе загубеа. Овој тим изгледа како да е направен од подобар материјал, посилен и може да се види дека навивачите се задоволни со тимскиот дух, а не само со прекрасниот фудбал“, изјави Фердинанд.

Касемиро е во Манчестер Јунајтед од летото 2022 година, откако се пресели од Реал Мадрид. Манчестер Јунајтед е 4-ти на табелата во Премиер лигата со 38 бода во 18 натпревари.

ПретходноЈокиќ со „тројка“ му пресуди на Орландо, Далас не може без Лука (ВИДЕО)
СледноПешевски: Свирежите од навивачите ќе ни бидат поттик да бидеме подобри!