По се она што се случуваше, по сите написи за нашата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, тие денеска ќе го судат дербито на денот и тоа меѓу Португалија и Унгарија. Мечот се игра вечерва од 20:30 часот. Ова ќе биде уште една шанса двајцата наши најдобри судии да го искажат сиот свој квалитет.
Да потсетиме дека во текот на вчерашниот ден одредени медиуми од Данска ги обвинија нашите судии за наводни местенки. Сепак ЕХФ цврсто застана во нивна одбрана, а тоа убаво се покажува што тие денеска добија задача да го судат најинтересниот меч на денот.