МЗТ Скопје со две главоболки се враќа од Белград. Убедлив пораз и повреда на новото засилување, Деандре Кук.
Американецот само што пристигна во Аеродром, во првата четвртина се пожали на повреда на рамото и не се врати на теренот. По овој дуел на официјалната прес-конференција, Драган Николиќ излезе со детали.
„Му се измести рамото, еден од трите лигаменти му е скинат, поточно се работи за скинат или делумно скинат лигамент, во Скопје ќе следи магнетна резонанца. Најважно ми е она кое моите уши го чуја, тоа е дека паузата е максимум месец дена“, заврши тренерот на МЗТ.