Футсал младинците против Косово и Германија во претквалификациите

192

Македонската футсал репрезентација до 19 години од 19. до 21. јануари ќе ги одигра натпреварите против Германија и Косово од претквалификациите за пласман во главната фаза квалификации за Европско првенство.

Македонија е домаќин на турнирот кој го организираме во С.Ц. Јане Сандански во Скопје.

Нашата селекција претквалификацискиот турнир го отвора против Германија на 19. јануари (четврток) во 17:00 часот. Германија и Косово ќе се соочат ден подоцна во истиот термин, а нашата пресметка против Косово е закажана в сабота (21. јануари) во 17:00 часот.

Селекторот на македонската футсал репрезентација до 19 години, Зоран Лекиќ за натпреварите од претквалификацискиот турнир во Скопје, ќе смета на следните играчи:

Никола Спасовски (Железарец), Енис Фера (Арбен Бајрами), Стефан Тачев (Овче Поле), Малик Мемети (Арбен Бајрами), Милан Димитриевиќ (Академија ФФМ), Павел Русевски (Овче Поле), Кристијан Гавровски (Проект), Бојан Јанев (Проект), Игор Скеоаровски (Енхалон), Дамјан Ангеловски (Осогово), Никола Анчевски (Железарец), Стефан Груевски (Клими Кавадарци), Мустафа Шуајб (Карадаку), Јусуф Јосифовски (Јувентус), Теодор Наков (Мал Ајакс)

ПретходноМитревски: Мораме подобро да одиграме во одбраната, треба да ги намалиме грешките ако сакаме победа над Аргентина!
СледноНевиден сеир: Во Неапол се служи специјално капучино по повод бруталната победа над Јуве од 5:1! (ВИДЕО)