Реал Мадрид загуби со 3:1 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Шпанските медиуми по натпреварот пишуваа за нарушена атмосфера во соблекувалната на актуелниот шампион на Шпанија и Европа, а сега пренесуваат дека тренерот Карло Анчелоти, отпишал четворица играчи. Марка тврди дека тоа се десниот бек Алваро Одриозола (27), стоперот Хесус Ваљехо (26), напаѓачот Еден Азар (32) и напаѓачот Маријано Дијаз (29).
Станува збор за играчи кои Италијанецот речиси и не ги користи на сериозни натпревари и Реал ќе се обиде да се ослободи од нив веќе во тековниот преоден рок. Одриозола оваа сезона одигра 51 минута откако се врати од позајмицата во Фиорентина, Ваљехо, пак, не може да се носи со жестока конкуренција и сезонава одигра 56 минути.
Немаат повеќе трпение за Азар во Реал. Белгискиот ас оваа сезона одигра 621 минута и е далеку од идеална физичка форма. Маријано Дијаз оваа сезона одигра 25 минути под водство на Анчелоти, најмалку од наведените играчи. За него веќе подолго време нема место во Реал, но клубот не е во можност да го продаде.