Селекцијата на Египет, која ја предводи екс – стратегот на Вардар, Роберто Парондо одигра уште еден екстра меч и успеа со 35:16 да слави против САД во последниот меч од групата -Г. Ова беше и трета победа на Египет во групата со што суверено го свои првото место.
Покрај средбата Македонија – Аргентина, се одиграа уште два меча, Бахреин ја победи Белгија со 30:28, а Германија просто ја растури селекцијата на Алжир со 37:21. Да потсетиме, токму Алжир ќе биде нашиот прв ривал во „Президент Купот“ на 19 јануари во Плоцк.