Есенскиот првак во ВМФЛ вчера ги стартуваше подготовките, тука се и сите осум засилувања!

1164

Есенскиот првак во ВМФЛ, тимот на Гостивар, од вчера е во “погон“, ги стартуваше подготовките за тоа што овој тим го чека во пролетниот дел. А се знае какваи се амбициите на гостиварци, да се задржи првото место и со тоа да се врати тимот во фудбалската елита на Македонија.

На тренинзите на Гостивар тука се и сите досега осум засилување во преодиот рок: Андреј Кировски, Русту Јонус, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Фисник Зука, Гордијан Христовски, Астрит Амзаи, Реџан Абази и секако Симеон Христов.

Во деновте што претстојат можни се и уште некои изненадувања, но сепак Гостивар и онака има екстра силен тим во ВМФЛ.

ПретходноЛазаров одбра за Аргентина, Петров се враќа!
СледноДраган Стојков си замина од Тиквеш