Стручен коментар – Ристо Магдинчев: Уште едно лошо издание, исто како и со Норвешка и Холандија

555

По поразите од Норвешка и Холандија сите ние се надевавме дека ете, против Аргентина ќе биде подобро, дека сепак нашите момци ќе заиграат подобро и дека ќе се најдат во следната фаза. Но ништо од тоа, одигравме најслабо можеби во последните неколку години, кога беше најпотребно.

Сепак за читателите на “Спортмедиа“ свој коментар имаше и нашиот стручен аналитичар Ристо Магдинчев.

Она што беше со Норвешка и Холандија, се репризира и со Аргентина. Буквално исто. Немавме одбрана, немавме напад, немавме агресивност, борбеност, најстрашно е тоа што немавме однос кон играта и пред се кон навивачите. Навистина беше лошо.

Одбраната неагресивна, противникот како сакаше така и си постигнуваше голови. Ние немавме, ако не се лажам, ниту едно исклучување поради контакт. Значи кај нас немало никаква желба за борбеност, никаква желба да се победи или да се дојде до добар резултат.

Во нападот уште полошо. Јас не можам да сфатам зошто се повторија грешките од минатите два меча. И упорно и повторно тоа солирање, одевме на сила, немавме смислена акција, не знаевме да ја рашириме нивната одбрана, немаше брзина, немаше ништо. Анемично.

Сега треба да се направи една длабока анализа. Иако факт е дека тие се играчите, можеби уште 4-5 плус, и тоа е нашиот играчки кадар. Ова се нашите можности“ заклучи нашиот стручен коментатор.

Претходно„Морам да ѝ се извинам на Фалангата, во Краков дојдоа преку 2.000 луѓе“
СледноБорусија Дортмунд си донесе норвешки бек, а сака и крило на Ман.Јунајтед