Харви Елиот го однесе Ливерпул во 4. коло на ФА Купот (ВИДЕО)

124

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во четвртото коло од ФА Купот откако на гости го совладаа Вулверхемптон со 0:1 (0:1).

И покрај тоа што Јирген Клоп играше со сосема променет тим во однос на мечот пред 10 дена кога беше практично со најсилниот тим, а Хулен Лопетеги го направи спротивното, Ливерпул го совлада Вулверхемптон и продолжи понатаму.

Единствениот гол го постигна Харви Елиот уште во 13. минута. До крајот „волците“ имаа иницијатива, но не успеја да се изборат макар за реми.

ПретходноНотингем Форест се пофали со Бразилецот Данило
СледноФИА пресече: ГН на Кина нема да се вози и оваа година!