Борусија Дортмунд си донесе норвешки бек, а сака и крило на Ман.Јунајтед

182

Фудбалерот Јулијан Риерсон е новиот бек на Борусија Дортмунд. Трансферот ќе изнесува пет милиони евра, а играчот стави потпис на договор до 2026 година.
Риерсон е поранешен играч на Викинг, а во Унион дојде во 2018 година. Инаку тој е и норвешки репрезентативец со 20 настапи.
„Милионерите“ се заинтересирани и за крилото Ентони Еланга од Манчестер Јунајтед. Тие најверојатно ќе го позајмат 20-годишниот шведски фудбалер до крајот на сезоната. Но за него се интересира и Евертон.

ПретходноСтручен коментар – Ристо Магдинчев: Уште едно лошо издание, исто како и со Норвешка и Холандија
СледноШпанските судии бараат итно воведување полуавтоматски офсајд во Ла Лига