Георгиевски: Да ги кренеме главите и да се пласираме на ЕП во Германија

590

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски посочи дека ништо не функционирало во тимот па од тука и тешките порази од Норвешка, Холандија и Аргентина.
Не покажавме ни 10% од онаа игра во квалификациите и пред првенството. Проблеми во напад, во одбрана, недоволна концентрација, недоволна комуникација во одбрана за да си помага еден на друг,се се тоа фактори кои влијаат на резултатите и без тоа против вакви противници е тешко да се надигруваш затоа што се квалитетни и веднаш казнуваат“, изјави Георгиевски.

Дали овој состав може да се издигне после овој катастрофален настап на СП?

Можеме. Мислам дека ние имаме добар квалитет, тоа го покажавме и во квалификациите каде имавме добри натпревари. Голем удар за нас е ова, но што ни останува друго освен да ги кренеме главите и да се пласираме на ЕП во Германија“, додаде македонскиот репрезентативец.

ПретходноЛазаров: Можеби ова е реалноста, мора да работиме многу!
СледноЕгипет и Парондо ја декласираа САД, Бахреин подобар од Белгија!