Калин тргна победнички во 2023!

191

Калин Ивановски тргна победнички во новата 2023 година. Нашиот најдобар тенисер на ИТФ Фјучерсот во Монастир (Тунис) успеа да забележи победа во рамките на првото коло. Сепак не беше се така лесно за Калин, впрочем и резултатот од 2:1 во сетови тоа го кажува. Македонецот против Леонид Болка од САД, го доби првиот сет со 6:3 во гемови, потоа вториот сет го загуби со 3:6, за да во третиот и решавачаки сет просто го растури Американецот со 6:0.

ПретходноЛазар Пеев го засили Скопје
СледноПовредата на Кук не е сериозна