Катовице или Плоцк – момент на вистината!

292

Денот „Д“ за македонската ракометна репрезентација кога станува збор за пласман во главната рунда на Светското првенство. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници по двата порази од Норвешка и Холандија, вечерва (18 часот) ќе ги одмерат силите со Аргентина. Ова е противник, кој исто така стартуваше со два порази, но за разлика од „црвено-жолтите“ има шанса со реми да стигне до Катовице, градот домаќин на главната фаза. Поразениот од оваа пресметка оди во Плоцк каде ќе се играат мечевите од Президент Купот.

Ова ќе биде шанса за оваа генерација, во прв ред вклучувајќи ги искусните ракометари како Манасков, Талески, Кузмановски, Георгиевски, Пешевски и Маркоски дека можат да ги носат помладите во процесот на трансформација. Да им подадат рака, да бидат самокритични кој себе а потоа кон останатите во тимот.

До сега, никој не успеа да го стори она што го правеше Лазаров како играч, Стоилов и Миркуловски, тројцата се повлекоа, а веќе на теренот промените се видливи. Треба лидер за здрави резултати, ние тој се уште го немаме.

Аргентина е противник по мерка. Овој пат вистинско мерило за нашите сили, но оваа репрезентација може да се победи само со максимална посветеност, знае да казни грешки, а ние ги правевме многу на првите два меча, има добар напад, го има ракометниот Меси – Диего Симонет.

Победата значи враќање на самодовербата и нови три силни мечеви од кои Македонија ќе го собере потребното искуство за следните предизвици. Но, за ова ќе зборуваме доколку се најдеме во Катовице.

Атмосферата е добра, што пак е најважно, сите сакаат да излезат од кругот на поразите. Ветуваат максимално залагање со среќен крај.

„Јасно е дека не е страшно да се загуби, но мора да научиме да немаме толкави падови на концентрација, да за пет-шест минути паѓаме во дупки од кои е невозможно да се вратите. Тоа мора да ни биде лекција и пред Аргентина, и двете селекции играат брз ракомет, но ќе мораме да ги лимитираме грешките. Кој помалку ќе греши, тој ќе се радува на крајот“, изјави Никола Митревски.

„Фалангата“ повторно ќе биде на трибините, оние кои дојдоа не ја губат вербата – ја чекаат првата победа на Македонија на овој Мундијал.

ПретходноАнчелоти ќе избрка четворица играчи!
СледноСловенечкиот голгетер Тим Матавж го засили „давеникот“ Горица