Лазаров: Да, имам одговорност! Знаевме дека нема да биде лесно, затоа јас играв до 42 години, Жути и Столе!

2410

Кирил Лазаров не бега од одговорност по трите порази, но исто така пак не може да помине покрај фактот дека македонската ракометна репрезентација од ова Светско првенство е без оние кои беа лидери. Како него, Столе и Жути.

„Да, имам одговорност, но треба да се знае дека за нас во овој момент успех беше и што сме на ова Светско првенство меѓу најдобрите во светот. Имаме и долгорочна стратегија пред нас. Факте дека претходно бевме со искусни играчи кои ни помогнаа да дојдеме тука. Знаевме дека ќе биде тешко да се игра на високо ниво, затоа јас играв до 42 години, Столе и Жути исто играа. Видовме сега деке не е исто без оние искусните кои долги години го носеа товарот на репрезентација“ – рече Лазаров и дополни:

„Искрено не сум изненаден од поразите. Ние реално не сме подобри од трите ривали, но не сме ниту толку лоши па да губиме десет гола разлика. За тоа сум премногу разочаран“.

ПретходноСелекторот на Аргентина: И посакувам успех на Македонија и на Лазаров, кој е нашиот идол!
Следно„Морам да ѝ се извинам на Фалангата, во Краков дојдоа преку 2.000 луѓе“