Тимот на Скопје на пролет ќе се обиде со сите сили да се спаси од релегација, односно од преселба во втората лига. Има уште и тоа како простор за такво нешто, а во тоа на „Пиратите“ во многу ќе им помогне најновото засилување. Се работи за играчот за врска Лазар Пеев кој досега беше дел од тимот на Гостивар, а сега ќе биде дел од ПМФЛ друштвото.
Тој како и уште неколкумина кој се на листата на потенцијални засилувања во моментов на тимот од Автокоманда треба да ги променат нештата па и следната сезона таму да се гледа ПМФЛ шампионат.