Македонија го има најмладиот тим на Мундијалот, Аргентина го има најстариот!

199

Процесот на помладување на македонската ракометна репрезентација го почнавме во квалификациите за ЕП 2025 година, а го продолживме на ова Светско првенство. Колку ова и да не им се допаѓа на некои, фактите потврдуваат – а тоа е дека Македонија го има најмладиот тим на овој Мундијал. Просекот на години е 25,2 што пак не прави први на оваа листа.

За разлика од „црвено-жолтите“ пак, Аргентина, нашиот денешен против во последното коло од групната фаза е селекција која го има најстариот состав. Просечната возраст е 29,9 години. Најблизу до „гаучосите“ е Шпанија со просек од 29,8 години, следуваат Швеѓаните, Унгарија и Зеленортските Острови.

Во кругот на најмлади селекции влегуваат САД и Тунис, кај првите просечната вораст е 25,5, додека кај вторите 25,9.

 

ПретходноДенеска на СП: Останаа уште две “визи“ за Главната рунда, на едната и Македонија се надева!
СледноРашфорд ќе стане најплатениот фудбалер на Манчестер Јунајтед!