За жал нашата најдобра ракометна селекција не успеа да се најде во главната рунда на ова СП во Полска и Шведска. Не успеавме да ја победиме Аргентина во решавачкиот меч и затоа во наредните денови ќе играме во рамките на „Президент Купот“ каде што ќе играат осумте најслаби селекции на овој Мундијал.
Натпреварите се играат во „Орлен Арената“ во Плоцк. Веќе на 19 јануари прв ривал ни е селекцијата на Алжир.