„Морам да ѝ се извинам на Фалангата, во Краков дојдоа преку 2.000 луѓе“

499

Не е лесно да се биде во силно друштво. Не е лесно да се почне од некаде, најтешко е да се биде поразени во три меча и тоа убедливо. По едно вакво сценарио, најголемо извини заслужуваат сите навивачи кои дојдоа во Краков.

По завршување на официјалниот дел, селекторот Кирил Лазаров им се извини на сите потенцирајќи дека тие се важен дел на секој меч.

„Морам да ѝ се извинам на Фалангата, дојдоа тука преку 2.000 луѓе. Тие се дел од нас, затоа имаат и големи очекувања. Јас ги разбирам играчите дека ова е еден голем притисок, јас сум го имал тој притисок уште како капитен. Кога ќе свикаат ‘сакаме победа’ 2.000 луѓе пред почеток не им е сеедно на овие млади момци, тие може да признаат, може не, но јас знам дека имаат притисок, за добра претстава, камо ли за победа“, додаде Лазаров.

ПретходноЛазаров: Да, имам одговорност! Знаевме дека нема да биде лесно, затоа јас играв до 42 години, Жути и Столе!
СледноСтручен коментар – Ристо Магдинчев: Уште едно лошо издание, исто како и со Норвешка и Холандија