Како што одминува времето се чини дека Ерик тен Хаг ги сложи „коцките“ во Манчестер Јунајтед. Сега тимот од “Олд Трафорд“ не само што победува во серија, туку игра и убав фудбал, а и е еден од кандидатите за титулата. Се тргна на добро по заминувањето на Кристијано Роналдо.
Секако дека за ова заслуга има и холандскиот стратег.
А дека тој уште како мал, на само 13 години, знаел дека ќе биде тренер, и тоа добар тренер, погледнето го видеото од една ТВ емисија од далечната 1984 година кога Тен Хаг му дава совети на славниот Јохан Кројф.
„Со младите играчи треба да внимавате, да не им викате многу зошто тоа може да ги скрши“ е дел од пораката на Тен Хаг до Кројф.
Навистина неверојатно.
Best thing you’ll see all day…
A 13 year old Erik Ten Hag telling Johan Cruyff how a trainer should communicate with his players.
See thread for translation. pic.twitter.com/s8SVclUwcw
— Numero Bruno ™ 🇾🇪 🔰 (@RuudAzz) January 15, 2023