Како што е веќе познато, Кристијано Роналдо побарал од управата на Ал-Наср да доведат еден од неговите пријатели во своите редови. Станува збор за поранешен соиграч од Реал Мадрид и репрезентативец на Португалија, а сега фудбалер на Порто, Пепе.
Според информациите кои денес пристигнуваат од Португалија ништо нема да излезе од тоа и дефанзивецот во иднина ќе остане играч на Порто, кој не планира да се откаже од него иако за 40 дена ќе наполни 40 години.
Порто му понудил нов договор до летото 2025 година, кога централниот дефанзивец ќе има 42 години и 4 месеци. Исто така, се наведува дека Пепе е задоволен од понудата што ја добил од Порто, а се очекува само официјално да го потпише новиот договор.
Пепе оваа сезона играше 13 пати во дресот на Порто, а со репрезентацијата на Португалија учествуваше и на Светското првенство во Катар.