Официјално: И Никола Ристески во Силекс!

497

Уште едно заминување од Вардар, а уште едно доаѓање во Силекс. Никола Ристески (26), досегашниот дефанзивец на вторологашот Вардар од денеска и официјално е нов фудбалер на Силекс. Со него одбраната на кратовци и тоа како ќе добие, а за стратегот Горазд Михаилов тоа значи дека ќе има опција повеќе како во стоперската така и бековската линија.

Инаку овој трансфер предмалку го потврди и Силекс, тим кој што во овој зимски преоден рок и тоа како е активен.
Што се однесува до Ристески, покрај Вардар тој претхдно настапуваше и за екипите на Ренова, Работнички, Борец, Кит Го, Еуримилк, Кожуф.

ПретходноШпекулација или не: Проектот “Катар“ наредната година од ПСЖ се сели во Ливерпул!?
СледноМакедонско девојче за добар ден во Краков (ВИДЕО)