Македонската ракометна репрезентација е далеку од пласман во главната фаза. По првото полувреме, избраниците на Кирил Лазаров имаат негатива од 11-18.
Очај, нов очај. За победа треба срце, треба желба, очигледно сето ова остана само на зборови, сите заборавија што значи борбеност. Искусните ракометари се претворија во почетници. Па резултатот воопшто веќе не е чуден.
И повторно бевме добри само неколку минути. По одбраната на Митревски, Талески го отвори дуелот за 1-0, по 3-3, противникот со серија од 6-1 поведе со 4-9. Ништо не функционираше, ниту напад, а уште помалку одбраната.
За разлика од нас, Аргентина влезе „машки“, цврсто гази кон целта – пласман во следната рунда. Многу брзо предводени од Диего Симонет, „гаучосите“ дојдоа на плус шест (5-11). И тука не застанаа, ја полнеа нашата мрежа, па поведоа со 10-17.
Резултатот на одморот е 11-18. Има уште 30. минута, но со ваква игра и бездушност цел ден да играме нема да победиме.