Пешевски: Мора да сфатиме дека ги немаме повеќе Кире и Столе, мора да се превземе одговорност!

321

Македонската ракометна репрезентација ќе игра во Президент Купот, откако вечерва беше убедливо поразена од Аргентина со 26-35. Повторно на терен нашите ракометари беа далеку од посакуваното, немаше борба, немаше жар за победа.

Жарко Пешевски колку можеше го посочи проблемот по овој меч.

„Не можам да кажам дека не сме работеле на подготовки, дека не сме добро подготвени, на овој турнир не го покажавме нашето вистинско лице, мислам дека во иднина мора да поработиме на тоа. Има атмосфера, но како нешто да се случува на теренот. Имаме многу млади играчи, мора да има поддршка од сите, ќе биде трнлив патот. Некои велат дека случјано сме се пласираме, не би рекол дека е така. Добро знаеме како поминавме, има играчи кои оставаат последна капка пот и крв, мислам дека ќе се подготвиме да го одиграме тој Президент Куп како што доликува.

Различно е да, нема некои играчи, но тие веќе се пензионираа, треба да сфатиме дека повеќе ги нема Кире и Столе, мора сите да превземат одговорност за во иднина да биде подобро, да не се повторуваат вакви работи“, изјави Пешевски.  

ПретходноМитревски: Не знам што да кажам по три порази од по 10 разлика!
СледноЛазаров: Можеби ова е реалноста, мора да работиме многу!