ПОТВРДЕНО: Сарабиа од ПСЖ се пресели во Вулверхемптон

114

Напаѓачот на ПСЖ, Пабло Сарабиа од вечерва и официјално е ново засилување за англиски Вулверхемптон.

Договорот меѓу двете страни е со важност до летото 2025 година. Според пишувањата на некои новинари, трансферот изнесува 5 милиони евра. Ова е второ засилување за „волците“ оваа недела, откако претходно клубот гоз асили и играчот од средниот ред Жоао Гомез, кој ќе се пресели во тимот од бразилски Фламенго.

Оваа сезона 30-годишниот Сарабиа одигра 19 натпревари за парискиот клуб во сите натпреварувања, на кои не успеа да постигне гол.

ПретходноШпанските судии бараат итно воведување полуавтоматски офсајд во Ла Лига
СледноСпецијална вечер за Елмас: За првпат капитен на Наполи!