Останаа малку дилеми околу патниците за главната рунда на Светското првенство кое се игра во Шведска и Полска. Една од нив е во Краков, а тука за последниот билет за Катовице ќе се борат Македонија и Аргентина.
Нашите момци имаат само едно сценарио – победа за пласман во главната рунда. На другата страна „гаучосите“ предводени од Диего Симонет, познат како ракометен Меси, можат и со реми да го урнат нашиот сон.
Овие две селекции до сега се немаат сретнато на ниту еден официјален натпревар. Ова ќе биде прва пресметка, имаа шанса да ги видат добрите и лошите страни, а според квалитетот ниту една не отскокнува многу.
Фаворит, според обложувалниците е Аргентина. Коефициентот изнесуваше 1,30. Но набрзо се искачи на 1,76. Македонија пак да победи изнесува 2,48, претходно беше 4.
Натпреварот е закажан во 18 часот, прв е на програмата од последното коло во групата Ф, во која подоцна Норвешка и Холандија ќе се сретнат во битката за првото место.