Маркус Рашфорд, во моментов најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед веројатно е дека набрзо ќе стане наплатениот играч на клубот од “Олд Трафорд“. Челниците на Јунајтед се во завршни преговори со репрезентативецот на Англија и нивната понуда е 300.000 фунти неделна плата и нов петгодишен договор.
Инаку досега напаѓачот беше платен со 200.000 фунти неделна плата, а голманот Де Хеа, се разбира ако остане, ќе добие намалена плата од 375.000 на 290.000 фунти, па така Рашфорд ќе биде најплатениот фудбалер на Манчестер Јунајтед.