Хрватскиот прволигаш Горица ја комплетира трансферната „бомба“ оваа зима, се засили со поранешниот словенечки репрезентативец со богата играчка кариера Тим Матавж. Искусниот 24-годишен нашаѓач стави потпис на договор со Горица до 2024 година и ќе носи број 89.
Всушност Матавж се врати во Горица, клубот во кој ја почна кариерата во 2006 година. Тогаш по само една сезона во првиот тим направи трансфер во Гронинген за кој на 84 меча постигна 34 голови, па играше и за ПСВ (70 првенствени меча и 24 голови), а играше и за Аугзбург, Нирнберг, Витесе, Ал Вахда, Бурсаспор, а последниот клуб му беше кипарска Омонија.
За Словенија има 39 настапи и 11 гола и играше на СП 2010 година.
Горица е заковата на дното во најсилната хрватска лига со 7 бодови. Тимот пред нив Шибеник има 13 бода.
Матавж ќе дебитира за Горица на мечот со Динамо Загреб.