Специјална вечер за Елиф Елмас. Нашиот фудбалски „дијамант“ вечерва ја понесе капитенската лента во составот на Наполи на мечот со Кремонезе во рамките на осминафиналето на Купот на Италија.
Нашиот репрезентативец за првпат ја носи капитенската лента на официјален натпревар на Наполи, откако претходно еднаш веќе беше капитен, но на пријателски меч.
Наполи на полувреме со пресврт води против Кремонезе со 2:1.