Македонските навивачи секогаш биле мотив плус за нашите ракометари на големите натпреварувања. И во Краков дојдоа во голем број да ги бодрат нашите репрезентативци, но очигледно очајните настапи и лошите резултати беа и предуслов за неочекувани и срамни инциденти на трибините во „Таурон Арената“.
Срамен инцидент се случи и денеска за време на мечот со Аргентина, кога летаа боксови и клоци меѓу нашите фанови…