Еден од поискусните македонски ракометари Филип Талески вели дека во репрезентацијата очигледно постои проблем кој ќе мора да се реши што поскоро за да одиме напред.
„Никој не очекуваше, ама тоа е… Што да коментирам после овој меч и после овие три порази. Ќе анализираме кога ќе се вратиме, очигледно има проблем меѓутоа мора да се реши ако сакаме репрезентацијата да биде добра и да одиме напред. Меѓутоа во моментов е оваа слика што ја гледаме сите. Како што кажав останува да анализираме после првенството, после другите натпревари што ги играме (во Президент купот) и да видиме во што е проблемот“, изјави Талески.