Големата награда на Кина нема да биде вратена во календарот на Формула 1, но и нема да биде заменета со друг настан, потврди ФИА.
Формула 1 го одби барањето на организаторите на Кинеското ГП да се смени датумот на трката, а одлучено е датумот 23 април да не биде исполнет со друга трка.
„Формула 1 може да потврди дека во календарот за 2023 година ќе има 23 трки. Сите датуми остануваат непроменети“, се наведува во соопштението.
Тоа значи дека во календарот ќе има четиринеделна „празнина“ меѓу трките во Австралија и Азербејџан. Сезоната 2023 година ќе започне во Бахреин на 3 март.