Во извонредно драматичен меч во Краков, Норвешка ја победи Холандија со 27:26 и го потврди првото место во групата. Мечот имаше две различни полувремиња, но на крајот победата и пласманот на првото место во групата им припаднаа на фаворитите од Скандинавија.
Холандија одигра извонредно прво полувреме. „Лалињата“ ја искористија збунетоста на Норвежаните и комплетно ја контролираа и играта и резултатот во првите 30 минути. Тргнаа со предност од 3:1, потоа зголемија на 8:5, за на крај на пауза да заминат со 17:13.
Добрата игра продолжи и во првите 4 минути од вториот дел кога „лаињата“ се одлепија и на +5 (19:14), но потоа како да застанаа. Норвешка предводена од Гликсен и Сагосен успеа брзо да влезе во две серии од 4:0 и 3:0, по што не само што ја анулира негативата, туку и дојде во водство од 23:22 во 48. минута од мечот. Холандија успеа да се соземе и да одржува егал, се до последните две минути кога Норвешка влезе во серија од два гола за плус два 24:26, потоа и 25:27, за предност која на крајот им донесе тешка победа.
На останатите три меча вечерва без сензации. Иако почна лошо, Хрватска на крајот го прегази Мароко со 36:24, додека Србија немаше остоен ривал во Катар победувајќи го со 34:24. Убедлив триумф обезбеди и Данска против Тунис со 34:21.
РАКОМЕТ, СП
3 КОЛО
ГРУПА Е
Алжир – Германија 21-37
Катар – Србија 24-34
ГРУПА Ф
Македонија – Аргентина 26-35
Холандија – Норвешка 26-27
ГРУПА Г
Египет – САД 35-16
Хрватска – Мароко 36-24
ГРУПА Х
Белгија – Бахреин 28-30
Тунис – Данска 21-34