Шпанските судии бараат итно воведување полуавтоматски офсајд во Ла Лига

167

Шпанските фудбалски судии повикаа на воведување на полуавтоматска технологија за офсајд по грешката на ВАР собата за време на првенствениот натпревар меѓу Кадиз и Елче минатиот викенд.

Во 81. минута од натпреварот, Елче постигна гол за израмнување за 1-1 од акција во која стрелецот Езекиел Понсе беше во офсајт, но судиите во ВАР собата Иглесијас Вилануева и Дијаз де Мера не реагираа, поточно не ја забележале недозволената позиција на играчот на Елче.

„Да се ​​стави крај на човечките грешки не е возможно, но можно е да се користи алатката за полуавтоматски офсајд. Поради оваа причина, ја повикуваме Ла Лига да имплементира полуавтоматска технологија за офсајд, со што се избегнува секаков вид на грешка при одлучувањето во врска со оваа акција во играта“, објави Техничкиот комитет на судии (CTA) објавувајќи ги казните на судиите за грешката.

Тренерот на Кадиз, Серхио Гонзалес откри дека судијата Карлос дел Серо се извинил за грешката по натпреварот. Сепак, претседателот на клубот Мануел Вискаино смета дека извинувањето нема да значи многу за неговиот клуб.

ПретходноБорусија Дортмунд си донесе норвешки бек, а сака и крило на Ман.Јунајтед
СледноПОТВРДЕНО: Сарабиа од ПСЖ се пресели во Вулверхемптон