Како што деновиве пишуваат медиумите во Катар, се чини дека наредната 2024 година ќе заврши проектот “Катар во ПСЖ“. Но тоа не значи дека пребогатите газди на клубот од Париз ќе си заминат така лесно од фудбалот. Имено се наговестува дека претседателот на ПСЖ, Насер Ел-Келаифи имал идеја наредниот проект да биде преселен во Премиерлигата и тоа во Ливерпул. Тој бил голем фан на Ливерпул, а пред се на Мохамед Салах.
На сите им е јасно што значи да си дел од ПЛ, да си Ливерпул, да бидеш газда на еден од најголемите клубови во светот.
Ова доаѓа по вестите дека клубот од “Енфилд“ се продава и дека еден од главните фаворити за купување биле пребогатите Катарци.
Е, сега дали е ова шпекулација или не, останува да се види.
Имено Ел – Келаифи и останатите во ПСЖ премногу пари вложија во клубот од Париз, секако дека тука се Мбапе, Меси, па потоа и намерата да се изгради нов, велелепен, стадион во Париз.