Јагуриноски во комбинација за Аргентина?

277

Македонската ракометна репрезентација на првиот меч на Светското првенство остана без услугите на Томислав Јагуриноски. Тој се повреди на мечот против Норвешка пред крајот на првото полувреме и не само што не се врати на теренот, не беше во составот за дуелот со Холандија.

Томи го повреди скочниот зглоб, а Лазаров повика играч од Скопје, во Краков дојде Савревски.

Во текот на вчерашниот ден, предводникот на нашиот национален тим најави дека Томислав Јагуриноски би можел да се врати денеска против Аргентина. Тоа најверојатно ќе биде одлучено пред дуелот.

„Аргентина, селекција која е екстра противник,кој покажа дека игра цврст и силен ракомет. Тука некаде сме со квалитетот и мислам дека доколку сакаме да победиме мораме да одиграме максимално квалитетно. Треба да учиме на грешките и имаме многу простор за напредок. Ако сакаме да славиме мораме да бидеме фокусирани и сконцентриранида играме без емоција. Се надевам дека ќе бидеме комплетни. Доколку има шанса Томи Јагуриновски ќе биде на располагање, но не сме се уште сигурни“, изјави Лазаров.

Мечот е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноСловенечкиот голгетер Тим Матавж го засили „давеникот“ Горица
СледноЕпски триумф на Мареј, спаси меч топка па потоа славеше со 3:2 во сетови!