Серафимов: Нема дилема – имаме сили! Со срце да одиграме – за Македонија!

245

Аргентина е последната шанса за да македонската ракометна репрезентација се пласира во главната рунда и секако да го оствари првиот триумф на ова Светско првенство.

Проблемот е детектиран, останува на терен да се промени сликата, техничките грешки да се сведат на минимум, а одбраната да се зацврсти. Ова е клучот за успех, морат да смогнат сили и да се прикаѓе најдоброто.

„Се обидуваме да играме брз ракомет, и во тоа брзање и нон-стоп трчање се прават грешки, секако повеќе отколку што очекувавме. Пред нас е дуелот со Аргентина трети на овој мундијал за само пет дена. Нема дилема дали имаме сила, секогаш сме тука за да одиграме најдобро што можеме, да играме со срце за Македонија. Така ќе биде и вечерва со Аргентина се надевам дека на крајот сите заедно ќе се радуваме на победата“, изјави Мартин Серафимов, кој е еден од младите игачи во составот на македонската репрезентација.

Дуелот меѓу Македонија и Аргентина стартува во 18 часот.

ПретходноМакедонско девојче за добар ден во Краков (ВИДЕО)
СледноЃоковиќ лесно на стартот на Австралија Опен