Младиот аргентински напаѓач Алехандро Гарначо ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед за продолжување на договорот. Младиот фудбалер кој сезонава импресионира со 3 гола, 6 асистенции во 280 минути игра има договор со „Црвените ѓаволи“ до јуни 2024 година. Од Јунајтед сакаат да му го продолжат договорот, но она што му го понудиле во моментов не е прифатливо за него.
Јунајтед му нудат зголемена плата. Од 7000 фунти неделно на 20 000 фунти неделно. Но тоа е неприфатливо за него. Неговите агенти веќе работат на негов трансфер во друг клуб доколку Јунајтед не даде подобра понуда.